Burak Dağ
27 Октомври 2024•Ажурирај: 28 Октомври 2024
ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека вчерашниот израелски воздушен напад насочен кон капацитетите за противвоздушна одбрана на Иран и постројките за производство на ракети бил прецизен и моќен, и дека ја постигнал својата цел, јавува Анадолу.
Нетанјаху ги коментираше вчерашните воздушни напади извршени од израелската војска врз воени пунктови во Иран.
„Ветивме дека ќе одговориме на иранскиот напад и нападнавме во саботата. Нападот врз Иран беше прецизен и моќен и ги постигна сите свои цели“, рече Нетанјаху.
Тврдејќи дека иранските ракетни напади на 1 октомври врз Израел пропаднале, Нетанјаху рече дека израелските бомбардери ги погодиле иранските одбранбени и капацитетите за производство на ракети.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека од претпазливост ќе одговорат на нападот на Израел врз неговата земја.