Sinan Uslu
25 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку десет терористи се неутрализирани во воздушните напади кои турските сили ги извршија на новооткриените засолништа на терористичката организација ПКК на северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека антитерористичката акција е извршена во планинскиот регион Авашин-Бaсјeн.
Во соопштението се наведува дека сите гаѓани засолништа се уништени и дека се неутрализирани најмалку десет терористи.
Планините Кандил, Гара, Метин, Авашин-Басјeн и Зап се наоѓаат на северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница.
Турските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и на северниот дел на Сирија и Ирак.
Воените операции во пограничните региони на Ирак и Сирија се базирани на правилата на Турција засновани на Mеѓународното право на самоодбрана и резолуциите на ОН кои се однесуваат на борбата против тероризмот.
Операциите се спроведуваат со почитување на територијалниот интегритет на соседните земји и со цел неутрализација на терориситчките закани.