Adam Abu-bashal
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
АБУЏА
Во Нигерија 20 лица загинаа како резултат на пожарот кој избувна по судирот на два патнички автобуси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, полицискиот портпарол во нигериската сојузна држава Џигава, Лаван Шису Адам, изјавил дека два автобуси се судриле на автопатот Ачилафија-Каркарна, по што избувнал пожар.
Портпаролот Адам нагласи дека во несреќата животот го загубиле 20 лица, додека голем број лица се повредени.
Информирајќи дека повредените се пренесени во Болница, Адам изрази загриженост од зголемување на бројката на загинати во сообраќајката.