Islam Uddin
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
АНКАРА (АА) - Нов Зеланд денес објави дека испраќа уште 120 припадници на одбранбените сили во Велика Британија за обука на украинските војници, известува Агенција Анадолија (АА).
Премиерката Џасинда Ардерн изјави дека овој безбедносен персонал ќе ги обучи украинските војници како дел од меѓународните напори да му помогнат на Киев да се одбрани.
„Нов Зеланд беше јасен дека ќе продолжиме да одговараме на повикот на Украина за практична поддршка додека тие ја бранат својата татковина и народ од неоправданата руска инвазија“, рече Ардерн.
„Знаеме дека еден од највисоките приоритети за Украина во моментов е да ги обучи своите војници, а Нов Зеланд е горд што се солидализира заедно со голем број други земји за да одговори на тој повик“, додаде премиерката Ардерн.
Претходно во мај, Нов Зеланд распореди свои 30 припадници на одбранбените сили во Велика Британија за да помогне во обуката на украинските војници.
Сепак, министерот за одбрана на земјата Пени Хенаре рече дека војниците на Нов Зеланд нема да влезат во Украина и дека обуката на војниците ќе ја спроведуваат во Велика Британија.