Associated Press
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Обилните дождови во северниот дел на Авганистан предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку 31 лице, а повеќе десетици се водат за исчезнати, објави денес државната новинска агенција на Талибанците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција Бахтар објави дека поплавите се случиле вчера во северната покраина Парван. Во веста се наведува дека меѓу загинатите има жени и деца, а повредени се 17 лица.
Најмалку 100 луѓе сѐ уште се водат за исчезнати, а во тек е операцијата за пребарување и спасување.
Поројните поплави однесоа десетици куќи во три области во Парван. Оваа покраина е опкружена со планини и често има поплави кога подрачјето го зафаќаат обилни дождови.
Локалната метеоролошка служба соопшти дека во наредните денови се очекуваат нови врнежи во повеќето од 34-те покраина во Авганистан. Обилните врнежи и поплавите низ Авганистан беа причина за смртта на 40 луѓе во јули и 19 во јуни.