Mehmet Nuri Uçar,Qais Omar Darwesh Omar
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските војници во текот на рациите спроведени во Источен Кудс и на Западниот брег усмртија Палестинец, а приведоа 22 Палестинци, известува Агенција Анадолија (АА).
Радиото „Гласот на Палестина“ информираше дека израелската војска спровеле рација во куќите на Палестинци во местото Кефр Акаб. Израелските војници го привеле Палестинецот кој бил тешко ранет во рацијата.
Подоцна канцеларијата на гувернерот на Кудс упати соопштение во врска во состојбата на тешко ранетиот Палестинец.
„Палестинецот Мухамед ел-Хасам, кого израелската војска го рани во Кудс падна како шехид“, се вели во соопштението.
Во соопштението се наведува дека Хасам е погоден во глава и дека телото се наоѓа во рацете на израелските власти.
Израелската полиција соопшти дека еден Палестинец во Кефр Акаб е застрелан поради сомнеж „дека носи ладно оружје“.
Радиото „Гласот на Палестина“ објави дека израелските сили во текот на рацијата во неколку градови на Западниот брег привеле 22 Палестинци.
Очевидците наведуваат дека војниците користеле боева муниција и солзавец и дека на неколку локации дошло до судири меѓу израелските сили и Палестинците.