Zehra Ulucak
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
САРАЕВО (АА) - Норвешка во 11:11 часот (по локално време) денес го почна процесот за затворање на аналогното FM радио и преминува на дигитално емитување (DAB), пренесува Anadolu Agency (AA).
Норвешка со завршување на процесот ќе стане првата земја којашто го затвори аналогното FM радио. Дигиталниот сигнал има повисок квалитет и покриеност од аналогниот, според тоа е и поекономичен, но се претпоставува дека тоа негативно ќе се одрази врз постарите лица и мотоциклистите.
Би-би-си јавува дека локалните радиостаници ќе имаат пет години да го заврши процесот на преминување.
Оваа промена ќе влијае и на публиката која ќе мора да одвои околу 175 долари за нови радија во автомобилите.
Анкетата којашто беше објавена во декември во весникот „Дагбладет“ покажува дека двајца од тројца Норвежани сметаат дека владата избрзува со одлуката за процесот на преминување.
„Норвешка сè уште не е подготвена за оваа ситуација. Во домовите, клубовите, бродовите се наоѓаат милиони радио апарати и тие повеќе нема да работат, а само 25 автомобили во Норвешка имаат дигитално радио или адаптери“, истакна Свен Ларсен, од норвешката Асоцијација на локални радија.