Qays Abu Samra,Murat Tan
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
НАБЛУС (АА) - Израелските безбедносни сили го уапсија Талал Дувејкут, еден од лидерите на палестинското движење Фатах. Тој беше уапесен во неговиот стан во градот Наблус, на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од движењето Фатах се наведува дека во раните утрински часови израелски војници извршиле претрес во станот на Талал Дувејкут, член на Револуционерниот совет на Фатах, и го уапсиле.
Портпаролот на движењето Мунир Aл-Џегуб најави дека овие израелски чекори што за цел ги земаат членовите на Фатах, само ќе придонесат за зајакнување на нивниот отпор.
„Окупаторските сили продолжуваат со апсења, убиства и евреизација на Ерусалим“, вели Ал-Џегуб.
Израелската армија соопшти дека во повеќе градови на Западниот Брег се уапсени 24 Палестинци.