Eshat Fırat
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Властите на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) воведоа забрана за патување на Ахмед Шафик, поранешниот египетски премиер, откако соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори кои 2018. година ќе се одржат во Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Шафик, претседателот на Египетското патриотско движење, од 2012. година се наоѓа во Обединетите Арамски Емирати (ОАЕ)
Во интервју за Ал Џезира рече дека е многу задоволен што има можност да престојува во ОАЕ, додавајќи сепак дека властите на таа земја не му дозволуваат заминување во Египет.
„Се изненадив кога дознав дека властите на братските Обединети Арапски Емирати поради непознати и нејасни причини не ми дозволуваат заминување во Египет", рече Шафик.
Нагласи и дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2018. година во Египет.
Истакна дека во ОАЕ, пред самото заминување во татковината, сака да се состане со египетските стопанственици во рамките на предизборната кампања.
„Најискрено им се заблагодарувам на Обединетите Арапски Емирати поради укажаното гостопримство, но не ја прифаќам одлуката да се мешаат во внатрешните прашања на мојата земја и не ми дозволуваат да го остварам уставното право и да учествувам во светата должност", рече поранешниот египетски премиер.
Тој ги повика властите на ОАЕ да ја повлечат забраната за патување којашто му ја ветија.
„Како и да е, на својот народ му ветувам дека нема да се држам далеку од својата должност", рече Шафик.
Потсетуваме, потпретседателот на Египетското патриотско движење Рауф ес-Сејид за АА изјави дека Шафик одлучи да се кандидира за претседателските избори во Египет следната година.
Шафик, кој го предводи Египетското патриотско движење, беше последниот премиер за време на владеењето на египетскиот водач Хосни Мубарак.
Од 2012 година, се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
На претседателските избори во Египет во јуни 2012 година, Шафик освои 48,27 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат и победник на изборите, Мохамед Морси, 51,73 отсто.