Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Ali Semerci
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
КАИРО (АА) - Ахмед Шафик, поранешниот египетски премиер, ќе се кандидира за претседателските избори што ќе се одржат во Египет во 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателот на Египетското патриотско движење Рауф ес-Сејид за АА изјави дека Шафик одлучи да се кандидира за претседателските избори во Египет следната година.
Шафик, кој го предводи Египетското патриотско движење, беше последниот премиер за време на владеењето на египетскиот водач Хосни Мубарак.
Од 2012 година, се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Потсетуваме, на претседателските избори во Египет во јуни 2012 година, Шафик освои 48,27 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат и победник на изборите, Мохамед Морси, 51,73 отсто.