Canberk Yüksel
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, ги отфрли обвинувањата од страна на неговиот наследник Доналд Трамп, дека прислушувал негови телофонски разговори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ниту претседателот Обама ниту пак некое официјално лице од Белата куќа некогаш наредиле следење на кој било граѓанин на САД”, соопшти протпаролот на Обама, Кевин Луис.
Актуелниот претседателот Доналд Трамп во вторникот во интервју за Фокс Њуз изјави: „Мислам дека Обама стои зад ова, бидејќи неговите луѓе со сигурност се наоѓаат зад ова”.
Во петокот, претседателот Трамп објави неколку статуси на Твитер продолжи со тврдењата велејќи дека добар адвокат може да направи еден голем случај во врска со активностите за прислушување кои наводно се случиле во октомври, пред изборите одржани на 8 ноември.
Трамп досега нема доставено докази кои би ги поткрепиле овие тврдења.