Ekipa
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ЏОЛО (АА) - Филипинските маринци вчера ги пронајдоа посмртните останки на германскиот државјанин на кого припадниците на терористичката организација Абу Сајаф му ја отсекле главата бидејќи рокот за неговиот откуп поминал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Регионалниот воен командант Карлито Галвез соопшти дека маринците ги пронашле главата и телото на Јурген Густав Кантнер во планинскиот предел на градот Индан во јужната покраина Сулу, каде што милитантите држат неколку странски и домашни заложници.
Претседателот на Филипини, Родриго Дуерте, упати порака со извинување до Германија и до семејството на Кантнер, откако владата не успеа да го спаси од заложништво во коешто беше речиси четири месеци.
Во акцијата за потрага на германскиот државјанин, кој беше киднапиран во ноември минатата година, ранети се десетици припадници на филипинските сили, додека 16 припадници на Абу Сајаф се убиени.
Милитантната група Абу Сајаф на Филипините делува уште од 1991 година. Станува збор за радикална група која води борба за независност на муслиманските покраини на Филипините, а до сега имаат извршено стотици бомбашки напади, киднапирања и атентати.