Mümin Altaş
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ВАРШАВА
Заменик-претседателот на Турција, Фуат Октај, во Варшава учествуваше на церемонијата по повод 80-годишнината од започнувањето на Втората светска војна, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Варшава, главниот град на Полска, се одржа церемонија по повод 80-годишнината од започнувањето на II светска војна. Церемонијата започна со доаѓањето на светските политичари на варшавскиот плоштад „Пилсудски“.
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, ги пречека гостите, кои по приемот се потпишаа во спомен-книгата.
Покрај претседателот на Полска, на церемонијата учествуваа и претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмајер, заменик-претседателот на Турција, Фуат Октај, заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс, и други светски политичари. По поставувањето на венецот на гробот од непознатиот јунак, интонирањето на песната на мирот и воената парада, церемонијата беше завршена.
Заменик-претседателот на Турција, Октај, за време на церемонијата поразговара со претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка, со Џули Пајет, генерален гувернер на Канада, со претседателот на Словачка, Зузана Чапутова, и со претседателот на Словенија, Борут Пахор.