Davut Çolak
01 Септември 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
КОПЕНХАГЕН
На изборите одржани во автономната област Фарски Острови, која е дел од Кралството Данска, партиите што ја сочинуваат Коалициската влада ги загубија изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави KVF, јавниот радиодифузер на Фарските Острови, на изборот за автономниот Парламент, според неофицијалните резултати, актуелната коалициска власт на автономната област, што ја сочинуваат Социјалдемократската партија, левоориентираните републиканци и десноориентираната Прогресивна партија, во Парламентот од 33 места освоила 15, две помалку од досегашните пратенички места, и ги загуби изборите.
Опозицијата во која аплицираат 4 партии, извојувала победа, освојувајќи 18 места во Парламентот.
Најголем напредок во опозициската коалиција има конзервативната Народна група, која успеа да освои 8 пратенички места.
Во победничката коалиција либералната Федерална партија освоила 7 места, Партијата на централниот пат 2 и Партијата на автономната администрација 1 пратеник.
На изборите за автономниот Парламент на Фарските Острови гласаа 37.827 избирачи.
- Фарски Острови
На Фарските Острови, сместени во Северниот Атлантски Океан на подрачјето меѓу Норвешка, Шкотска и Исланд, на површина од 339 километри квадратни живеат околу 50.000 лица.
На Фарските Острови, чиј главен град е Торсхавн, покрај сточарството, еден од главните извори на егзистенција е рибарството.