Ömer Faruk Yıldız
25 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Светската програма за храна (WFP), поврзана со Обединетите нации (ОН), соопшти дека 45 отсто од населението во Украина е загрижено поради тешкотии во пристапот до храна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата во Канцеларијата на ОН во Женева, портпаролот на ВФП, Томсон Фири, се осврна на најновата ситуација во врска со безбедноста на храната во Украина, каде што продолжуваат руските напади.
Фири истакна дека во Украина, каде што војната трае повеќе од еден месец, едно од секои пет лица ги има намалено оброците поради тешкотиите во пристапот до храна, а возрасните јадат помалку за да им чуваат храна на своите деца.
Нагласувајќи дека има прекин во синџирот за снабдување со храна во Украина, Фири рече: „Уништувањето на голем број камиони и возови, бомбардирањето на аеродромите негативно влијаеше на пристапот на храна за милиони Украинци до храна.“
- Во Мариупол резервите за храна се при крај -
Истакнувајќи дека пристапот до храна е полош во опколениот Мариупол, Фири додаде: „Резервите на вода и храна се при крај во Мариупол. Хуманитарниот пристап до градот не е дозволен од 24 февруари.“
Додаде дека проблемот со пристапот до храна во Украина од ден на ден се влошува, за што нагласи: „Според процените на ВФП, 45 отсто од украинското население е загрижено затоа што нема пристап до доволно храна.“
Фири, посочувајќи дека Светската програма за храна (WFP) ја забрзала помошта во храна за Украина, истакна дека планираат да обезбедат помош во храна за 1,2 милиони луѓе за две недели и 2,4 милиони во рок од еден месец.