Betül Yürük
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека интензивирањето на нападите во југозападниот дел на Сирија се „алармантни“, и упати апел за итен прекин на воените операции, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на генералниот секретар на ОН соопшти дека Гутереш ја изразил својата длабока загриженост поради судирите во југозападниот дел на Сирија.
Гутереш потсетува дека минатата година, Русија, САД и Јордан постигнале договор за формирање зони за намалување на тензиите во југозападниот дел на Сирија, и додава дека и покрај постоењето на договор за прекин на огнот, „алармантно“ е интензивирањето на судирите во регионот.
Посочувајќи дека судирите влијаат и врз хуманитарната помош, Гутереш упатил повик до гарантите „да се придржуваат до Договорот за прекин на огнот, и под итно да ги запрат воените операции“.