Vesna Besiç
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
МОСКВА (AA) - Повеќе илјадници луѓе го посетија мексиканскиот фестивал „Денот на мртвите“, кој се одржа во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако според мексиканската традиција, овој фестивал се одржува кон крајот на ноември, мексиканските навивачи на Светското првенство во Москва одлучија да го одбележат во овој руски град.
Мексиканските Индијанци верувале дека смртта е светиот почеток, поради што е обичај на овој празник луѓето да се радуваат и веселат.
Собраните граѓани, меѓу другото, беа облечени во „костимот“ на мексиканската божица на смртта, а за посетителите беа подготвени традиционалните мексикански јадења.