Levent Tok,Adham Kako
27 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АФРИН/АНКАРА (AA) – Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската ослободителна војска (ФСА) во рамките на операцијата „Маслинова гранка" го ослободија селото Али Бекки, северозападно од Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, Вооружените сили на Турција и Сириската ослободителна војска во осмиот ден од операцијата „Маслинова гранка", го ослободија селото Али Бекки, кое се наоѓа северозападно од Африн.
Исто така, ТСК и ФСА во регионот Рако преземаа контрола и над кампот за обука кој го користеше терористичката организација ПЈД-ПКК. Во акцијата се неутрализирани најмалку 10 терористи.
ТСК и ФСА во рамките на операцијата, која е покрената на 20 јануари, до сега ги ослободиле селата Адаманли, Хафтар, Хај Оглу, Омер Усаги, Марсо, шејх Абид, Карманли, Бали, Курни - Махмуд Убаси и го зазедоа ридот Сириа Тел.
Операцијата во Африн е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.