Ekipa
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
ИДЛИБ (АА) – Сириските воени опозициски групи и антирежимските воени групи започнаа операција во подрачјето на Туркменските Планини (Бајирбуџак) во руралниот регион Латакија, која се наоѓа во рамките на деескалационата зона во Идлиб, за да ги вратат назад стратешките точки кои претходно беа преземени од силите на режимот на Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со ненадејни напади на сириските воени опозициски групи и антирежимските воени групи убиени се голем број војници на режимот.
Во операцијата преземени се стратешкиот врв Бурџ ел Захије и други 15 помали врвови, а исто така уништени се и два тенка на режимот.
По операцијата, единиците на режимот започнаа артилериски напади врз подрачјето на Туркменските Планини.
Во последните месеци од 2015 година, режимот на Асад, со поддршка на Русија презеде 85 отсто од Туркменските Планини во Латакија.
Околу 20.000 Туркмени и Арапи кои живеат во регионот, беа принудени да емигрираат во Турција.
Селата Чумерен, Келез, Исапинари, Салур, Јамади и Караманли, на Туркменските Планини се наоѓаат под контрола на опозицијата.