Şenhan Bolelli
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
МАДРИД (АА) - На ниво на цела Европа спроведена е операција против производство и продажба на допинг супстанции во која се приведени 234 лица и запленет е допинг материјал во вредност од 3,8 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со операцијата која е спроведена во координација со Европската полициска служба (Европол), во Рим, на медиумите им се презентирани податоците дека од 2018 година досега, во рамките на спроведените истраги, испитани се повеќе од 1.000 лица.
Претставниците на Европол истакнаа дека се откриени 17 групи кои нелегално произведувале и продавале допинг супстанции и дека притоа се затворени девет лаборатории во кои нелегално се произведувале супстанции кои содржеле допинг.
Покрај тоа, во рамките на меѓународната операција, при допинг тестот на 600 спортисти, позитивни биле 19 од нив.
Во операцијата наречена „Вирибус“, покрај земјите од Европската Унија, вклучени беа и безбедносните единици на САД, Швајцарија, Северна Македонија, Украина, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Исланд, Колумбија и Молдавија, а поддршка дадоа Светската антидопинг агенција (WADA) и Европската канцеларија за сузбивање на измами (OLAF).