Gorana Jakovljevic
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
ХАРКОВ (АА) - За медицинските тимови во украинската војска во Харков е организирана обука за основна медицинска поддршка и користење на специјалистички апарати за да можат тоа знаење да го применат и да овозможат продолжение на борбата во војната о Русија која трае веќе шест месеци, известува Агенција Анадолија (АА).
Цивилните здравствени експерти се потрудија да го пренесат своето знаење и да ги обучат медицинските тимови во украинската војска како се користи специјалистичката медицинска опрема.
Според проценките на Обединетите нации (ОН) најмалку 5.041 цивил е убиен, а 7.466 се ранети од почетокот на војната во Украина на 24 февруари. Агенцијата на ОН за бегалци наведува дела околу 10,6 милиони Украинци избегале во други земји, а околу 7 милиони се интерно раселени.