Ekip
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Во првата реакција по обидот за убиство на британско-американскиот писател со индиско потекло Салман Ружди, Иран во понеделник соопшти дека писателот и неговите следбеници се виновни за нападот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани, обраќајќи се на конференцијата за новинари во Техеран, отфрли било каква поврзаност меѓу нападот на Ружди и Иран.
Рече дека никој нема прво да го обвини Иран дека организирал напад на Ружди, кој во моментов закрепнува во болница од тешки повреди откако е избоден на бина на настан во Њујорк.
Неговата книга „Сатански стихови“ во Иран е забранета од 1988 година, бидејќи многу муслимани ја сметаат за богохулење. Година дена подоцна, тогашниот ирански врховен водач ајатолахот Рухолах Хомеини, издаде фетва повикувајќи на смрт на Ружди. Иран понуди повеќе од три милиони долари награда за секој кој ќе го убие.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи рече дека не знаат ништо за напаѓачот, жителот на Њу Џерси, освен она што го слушнале во американските медиуми.
Додаде дека Ружди „ја преминал црвената линија на 1,5 милијарди муслимани“ како и на другите религии со богохулење против пророкот Мухамед.
„Слободата на изразување на може да ја оправда злоупотребата на религиите и нивните принципи“, рече Канани.