Adam Abu-bashal
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
АБУЏА (АА) - Дваесет и две лица го загубија својот живот во оружените напади извршени во нигериската сојузна држава Кадуна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, вооружени лица отвориле оган во некои села во подрачјето на Зангон Катаф во Кадуна.
Во нападите загинале 22 лица, додека голем број се повредени.
Портпаролот на полицијата во Кадуна, Мухамед Џалиге, ги потврди нападите и соопшти дека голем број лица се киднапирани.
Џалиге рече дека на местото на нападите биле упатени безбедносни сили и дека во ова подрачје е прогласен 24-часовен полициски час.