Zehra Ulucak
13 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени 8 нови случаи на Ковид-19, додека во Јужна Кореја се регистрирани 62 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека сите 8 нови случаи се регистрирани кај лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.602, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.
Во Кина досега се излекувани 78.648 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
- Во Јужна Кореја бројот на случаи со Ковид-19 зголемен на 13.479 -
Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден се забележани 62 нови случаи на Ковид-19, од кои 43 се лица кои допатувале од странство.
Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 13.479, а од вирусот оздравеле 12.204 заразени.
Во последните 24 часа во земјата не е евидентиран смртен случај од Ковид-19. Досега 289 лица починале од последици предизвикани од Ковид-19.