Tuğçenur Yılmaz
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Според податоците добиени од дипломатски извори, ослободени се шестемина турски морнари кои беа држени од страна на силите на Хафтар во Либија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извори информираа дека турските државјани се вратиле на бродот заедно со сопствениците на компанијата, кои се Либијци, и дека по своја волја донеле одлука да продолжат да работат.
По задржувањето на шестмина турски државјани од страна на силите на Хафтар во Либија, Министерството за надворешни работи на Турција го објави следното соопштение: „Држењето на шестемина турски државјани во Либија од страна на припадниците на илегалната милиција лојална на Калифа Хафтар е чин на варварство и пиратство. Очекуваме итно ослободување на нашите државјани. Во спротивно, елементите на Хафтар ќе бидат легитимна цел“.