Mustafa Deveci
14 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Четири припадници на безбедносните сили го загубија животот во нападот врз возилото на Граничната гарда во пакистанската покраина Белуџистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според полициското соопштение, отворен е оган врз возилото во кое се наоѓале припадници на Граничната гарда во административниот центар Квета, во Белуџистан, при што загинале четири припадници на оваа гарда.
Се истакнува дека полицијата започна истрага околу случајот, и дека напаѓачите избегале од местото на настанот.
Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.