Safiye Karabacak
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
КУВАЈТ (АА) - Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денес во Кувајт изјави дека ЕУ за стабилност и хуманитарна помош на Ирак ќе издвои 400 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини се обрати на Самитот во Кувајт, чија цел е собирање помош за Ирак по војната против ДЕАШ.
„ЕУ ќе издвои 400 милиони евра наменети за воспоставување стабилност на Ирак и хуманитарна помош на оваа земја. Тоа нема да биде поединечна помош од земјите на ЕУ, туку се работи за средства што ќе бидат издвоени директно од буџетот на ЕУ“, порача Могерини.
Таа потсети, исто така, дека ЕУ и САД во текот на минатата година го поддржале ирачкиот народ со 3,5 милијарди долари.
На Самитот за обнова на Ирак и Кувајт, кој започна вчера во главниот град на Кувајт, учествуваат повеќе од 70 земји-донатори, и околу 2.300 компании и организации од различни земји.
Ирак претстави 157 проекти за обнова од областа на инфраструктура, вода, енергија, градежништво, технологија. Ирачките официјални лица наведуваат дека за обнова на западните и северните делови на земјата, што се ослободени од терористите на ДЕАШ, се потребни 88,2 милијади долари.