Eshat Fırat
22 Ноември 2017•Ажурирај: 22 Ноември 2017
РАМАЛА (АА) - Палестинската управа соопшти дека ги прекинува сите контакти со САД откако не беше продолжена дозволата за работа на канцеларијата на Палестинската ослободителна организација (PLO) во Вашингтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјално лице блиско на палестинската управа за АА изјави дека ја прекинуваат комуникацијата со сите официјални инстанци на САД поради одлуката за затворање на канцеларијата на ПЛО.
„Палестинската управа во потполност ја прекина комуникацијата со сите официјални инстанци на САД како одговор на одлуката за затворање на канцеларијата на ПЛО“, изјави палестинското официјално лице кое сакаше да остане анонимно.
Потсетуваме, палестинските власти се заканија пред неколку дена дека ќе ги прекинат сите контакти со американската администрација поради планот за затворање на канцеларијата на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон.
Дозволата за работа на канцеларијата која дејствува како претставништво на Палестинската управа истекува кон крајот на овој месец.
Американската администрација се повикува на закон кој бара Палестинците да се откажат од судските процеси против израелските официјални лица пред Меѓународниот кривичен суд.