Ekipa
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско вети помош од 460.000 евра за Јужен Судан, за финансирање на две болници, училишта и за набавка на земјоделска опрема, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата Франциско се надеваше дека во октомври оваа година ќе го посети Јужен Судан за да го привлече вниманието кон тамошните жители кои се соочуваат со ужасите на граѓанската војна и гладта. Меѓутоа, тој се откажа од патувањето, бидејќи условите на теренот не го дозволуваа тоа.
Кадриналот Питер Турксон, пратеник на папата за прашањата за мир и бегалци, денес изјави дека проектите за помош ја претставуваат солидарноста на Папата со народот на Јужен Судан.
Парите ќе помогнат во финансирањето на две болници на сестрите-мисионерки на Комбони, основни училишта што ги води хуманитарната организација „Солидарност со Јужен Судан“ и земјоделскиот проект што го води ватиканската фондација „Каритас“.