Ekipa
23 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
КАУНАС (AA) - Папата Франциско го предупреди општеството дека мора да биде подготвено во случај на какви било најави за повторно раѓање на антисемитизмот кој доведе до холокаустот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамки на официјалната посета, папата Франциско денес се обрати на верниците во вториот најголем литвански град Каунас, а повод за неговата посета е одбележувањето на 75-годишнината од страдањето на Евреите за време на нацистичката окупација на Литванија во Втората светска војна.
За време на Втората светска војна во Литванија преживеаја околу 3.000 од вкупно 37.000 Евреи.
На мисата на која во паркот „Сантакос“ присуствуваа над 100.000 верници, папата оддаде почест и на Литванците кои се убиени, протерувани во Сибир или мачени за време на петдецениската советска окупација.
„Претходните генерации сѐ уште нозат лузни од периодот на окупацијата. Каунас тоа го знае, цела Литванија може да сведочи за тоа и сѐ уште трепери на поменот на Сибир, гетото во Вилнус или Каунас“, изјави папата Франциско.
Истакнувајќи дека денес ќе се помоли и пред истакнатата плоча на гетото во Вилнус, папата Франциско го повика општеството да биде приврзано кон правдата, дијалогот и помирувањето.
„Да побараме од Бога навремено да ни даде дарба на проникливост за да препознаеме какво било семе на тој опасен став, какво било најавување кое може да ги расипе срцата на генерациите кои не ги доживеале тие времиња“, изјави папата.
Тој денес ќе го посети и Музејот на окупацијата и борбата за слобода и поранешниот затвор на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ) во Вилнус.