Kasım İleri
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Дана Вајт, гласноговорник на Пентагон, тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги повлече американските сили од Сирија ги нарече „трачеви", јавува Anadolu Agency (AA).
На новинарско прашање за тоа дали Пентагон и Белата куќа имаат различни ставови во врска со прашањето за повлекување на САД од Сирија, Вајт истакна дека во последно време слуша бројни „трачеви" во врска со тоа прашање.
„Знам дека претседателот во врска со тоа рече 'многу бргу' затоа што бевме успешни во борбата против ДЕАШ. Но ДЕАШ не е готов, и ние затоа и понатаму сме посветени на нашата цел за да ДЕАШ конечно биде поразен", рече гласноговорничката на Пентагон на конференцијата за медиуми на која присуствуваше и генералот Кенет Мекензи.
Нагласи и дека целта на американските сили во Сирија е да ги победат терористите на ДЕАШ.
„Секогаш зборувавме дека нашата цел во Сирија е да се победи ДЕАШ. Тоа речиси го завршивме, но сеуште не е готовор", рече Вајт.
Белата куќа во среда соопшти дека борбата на американските сили против терористичката организација ДЕАШ е при самиот крај.
„Воената мисија чија цел е уништување на ДЕАШ во Сирија забрзано се приближува кон крајот откако терористичката организација речиси во потполност е елиминирана. САД и сојузниците се посветени на задачата во Сирија да ги уништат и последните остатоци на ДЕАШ. Со нашите сојузници и партнери и понатаму ќе разговараме за идните планови за прашањето на Сирија", се наведува во соопштението на Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп исто така, во вторник изјави дека неговата земја веќе активно работи на планот за излегување од Сирије.
Трамп и кон крајот на март изјави дека американските сили наскоро ќе се повлечат од Сирија, додавајќи дека тој момент е многу блиску и нагласи дека другите треба повеќе да се интересираат за таа земја.