Selma Kasap
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
АНКАРА (AA) - Во акциите на турската авијација на северот на Ирак неутрализирани се вкупно 89 терористи, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во акциите покренати кон почетокот на април со цел неутрализација на терористите на ПКК во северните делови на Ирак неутрализирани се вкупно 89 терористи. Седум припадници на сепаратистичката терористичка организација се неутрализирани денеска.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористичките групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 80-те години на минатиот век води вооружена борба против Турција.