Dmitri Chirciu
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги смета за апсурдни наводите на американскиот претседател Доналд Трамп кој за нападот на двата танкера во Оманскиот Залив го обвини Иран и додаде дека ваквите активности ја потресуваат глобалната економија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков во гостувањето за рускиот канал „Русија 1“ (Rossiya 1) го коментираше нападот на двата танкера во Оманскиот Залив.
Тој се осврна и на ставот на Трамп дека е одговорен Иран.
„Ваквите случувања имаат капацитет да ги потресат темелите на глобалната економија. Поради тоа не треба да се обрнува внимание на непотврдените обвиненија“, изјави Песков.
Тој додаде дека за инцидентот се потребни доверливи информации.
„Во вакви ситуации, апсурно е повикувањето на одредени доверливи информации“, смета Песков.
Во четвртокот е извршен напад на танкерите со нафта „Front Altair“ и „Kokuka Courageous“, кои поминувале преку Оманскиот Залив. Побарана е помош од американската морнарица.
„Kokuka Courageous“, кој превезувал нафтени производи за Сингапур и Тајланд, претрпе материјална штета, а евакуирани се 21 член на посадата.
Американската администрација за нападот го обвини Иран, а Техеран отфрла каква било одговорност.