Mahmoud Barakat
16 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
РАМАЛА (АА) - Палестинските затвореници во израелскиот затвор „Ашкелон“ стапија во штрајк со глад со барање за подобрување на условите на кои се изложени, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на палестински затвореници (PPS) од Рамала соопшти дека затворениците со штрајк бараат управата на затворот да им овозможи право на дневна светлина, да ги запре ноќните рации во ќелиите и да овозможои право на непречени посети за членовите на семејствата.
И во април палестинските затвореници штрајкуваа со глад и бараа од израелските власти да им се овозможат подобри услови за престој, како и праведно судење.
Според податоците на палестинските институции, во израелските затвори моментално се наоѓаат најмалку 5.700 палестински затвореници, вклучувајќи и голем број жени и деца.