Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
ИДЛИБ
Силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговиот поддржувач Русија ги нападнаа цивилните населби во деескалациската зона во сириски Идлиб. Во нападите, изведени од страна на руските воени авиони, како што се соопштува, загинале пет цивили, од кои две деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Режимот на Асад, со топови, ракети и минофрлачи реализираше напади во селата Ебу Хебе, Меранд, Наџије и Кебина и во врвот Кебине кои се наоѓаат во рамките на деескалациската зона во Идлиб.
Во информациите на опозициските сили, кои се базираат на опсерваторијата за воздушен простор, руските воени авиони ја нападнале областа Кефренбил и селата Фатире, Деркуш и Хас во Идлиб и селото Кебине во Латакија.
Директорот на Цивилната одбрана на Идлиб (Бели шлемови), Мустафа Хаџ Јусуф, во изјавата за АА рече дека пет цивили ги загубиле животите за време на нападите кои започнале во утринските часови, а се интензивирале напладне.
Хаџ Јусуф, исто така истакна дека во воздушните напади во Кефренбил загинале тројца цивили, од кои две деца, а во селата Фатире и Хас по еден цивил.
Во нападите на режимот и Русија од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот меѓу Турција и Русија, досега загинаа повеќе од 1.300 цивили во деескалациската зона во Идлиб.
Од местата каде што нападите се интензивни, во местата кои се релативно потивки, особено во близина на границата со Турција, во последната година мигрираa над 1 милион лица.