Büşra Selvi Öğütcen
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
ПАТНА
Пет лица загинаа како последица на уривање на нелегален рудник во индиската сојузна држава Карканд, известува Агенција Анадолија (АА).
Полицискиот службеник Санџив Кумар објави дека се урна рудникот лоциран во градот Данбад во источниот дека на Карканд.
Кумар изјави дека за време на уривањето, во рудникот за јаглен имало нелегални рудари.
Тој соопшти дека за време на активностите за пребарување и спасување извршени со градежна опрема, биле извадени телата на 5 лица, од кои 4 биле жени, додавајќи дека рудникот бил испразнет пред 15 години.
Кумар рече дека потрагата продолжува.
- Нелегално рударство во „глувчешки дупки“
Лицата кои се занимаваат со нелегални ископувања за да заработат, често се изложени на вакви несреќи.
Луѓето, особено во источните и североисточните делови на Индија, продолжуваат со копање структури слични на тунели наречени „глувчешки дупки“ во затворените рудници за јаглен.
Нелегалните рудари, јагленот што го товарат во вагоните, на површина го вадат со воспоставениот систем.
За работа во овие рудници, на жените и децата им се дава повеќе предност од мажите поради тесната структура на подземните тунели.
Шест лица загинаа при уривање на рудник за јаглен во индиската држава Мегалаја во 2021 година.