Belgin Yakışan
03 јуни 2016•Ажурирај: 04 јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - По состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), на кој не беше донесено решение за замрзнување на производството, цената на сировата нафта „брент” (сирова нафта која се вади од Северното Море) по барел продолжи да се движи на ниво над 50 долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Вчера заврши 169-тиот редовен состанок на ОПЕК, на кој не беше изнајдено решение за замрзнување на производството на нафта. Во изјавата која беше дадена по состанокот, се вели дека се покануваат земјите кои не се членки на ОПЕК да му се приклучат на ОПЕК и да учествуваат во регулирање на пазарот на нафта.
Министерот за енергетика и индустрија на Катар, Мухамед Бин Салех Ал-Сада, на новинарите им изјави дека започнало зголемување на цената на нафтата и дека тоа во момент е некој вид „тренд“ и од негова страна беше објаснето како последица на немањето заедничко решение за замрзнувањето на цената на нафтата.
По развојот на настаните, вчера по достигнувањето на највисоката вредност од 50,27 долари по барел, цената на „брент” сировата нафта денот го заврши со вредност од 49,91 долари од барел. Денеска цената на „брент” сировата нафта се движи во рамките од 49.0 до 50,5 долари од барел.
Аналитичарите истакнаа дека како последица на немање решение за замрзнување на производството на нафтата на состанокот на ОПЕК, се очекува цената за барел сирова нафта да продолжи да се движи по хоризонтална линија и се очекува точката на прекршување на цената да настане во периодот кој следи.
Аналитичарите истакнуваат дека денешното објавување на анализите за вработувања во неземјоделскиот сектор и податоците за невработеност за месец мај во САД, може да доведе до промена на цената на сировата нафта и таа да излезе од рамките на вредноста од 49,0 - 50,5 долари по барел, на 51,6 долари во случај на отпор, или 47,7 долари по барел, доколку се даде поддршка.
Цената на сировата нафта од западен Тексас, според вчерашните информации за падот на стоковите нафтени резерви на САД на 1,4 милиони барели нафта, вчера денот го заврши со вредност над 49 долари, додека денеска, цената на сирова нафта од западен Тексас е на ниво од 49,2 долари од барел.