Burhan Sansarlıoğlu
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Цената на барел сурова нафта забележа огромен пад откако земјите членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEK) во Доха, главниот град на Катар, не успеаа да донесат решение за замрзнување на нивото на производство, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот во Доха, цената за барел сурова нафта, губејки 5 проценти од вредноста, би можела да падне до 40 долари од барел, но благодарение на преземените мерки, во моментот цената се стабилизираше на границата од 41 долар.
Минатата недела беше забележана највисоката цена за барел нафта од 44,91 долари за периодот од 1-ви декември 2015 до сега, а на крајот од неделата достигна вредност од 43,2 долари по барел.
Со пад од 4,95 проценти, на ниво од 38,40 долари
По последното петочно достигнато ниво, цената за барел западно-тексашка сурова нафта изнесува 38,40 долари, со забележан пад на цената од 4.95 проценти.
Според аналитичарите, неуспешниот резултат од Самитот во Доха ќе придонесе за продолжен пад на цената на нафтата во краткорочен период, додека пак долгорочно, истите предвидуваат дека одредувачки фактор за понатамошната состојба на нафтата ќе се одредува благодарение на насоките дадени од страна на глобалната економија.
Министерот на нафтената заедница на Катар, Мухамед бин Салих ес-Саде, по состанокот во Доха изјави,“Земјите учеснички дојдоа до заедничка констатација дека имаат потреба од дополнително време за консултации во врска со донесувањето на одлуката за замрзнување на нивото на производство.”
Саде истакна дека ценовниот тек на нафтата забележа подобрување по донесените мерки од состанокот во февруари, додавајќи дека откако 15-те земји учеснички на последниот состанок за замрзнување на нивото на производство не донеле заеднички мерки, ова подобрување нема да трае долго време.