Mahmut Atanur
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Судбината на 17 рибари кои исчезнаа по судирот на рибарски и товарен брод во Источното кинеско Море е непозната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изворите на кинеската агенција Синхуа, кинеските власти приведоа неколку лица на пристаништето Нингбо, кое се ноаѓа во источниот дел од земјата, и го испитуваат целиот екипаж на товарниот брод, за кој е утврдено дека доаѓа од Малта.
Во несреќата која се случи во саботата, животот го загубија две лица, а 19 се спасени.
Потрагата по исчезнатите рибари е во тек.