Furkan Naci Top
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
АТИНА (АА) - Грчкиот парламент синоќа ги одобри владините реформи на пензискиот и даночниот систем на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Oдобрeни се измените на законот за пензии и даноци, што беа услов за продолжување на помошта од меѓународните кредитори.
Од 300 пратеници во парламентот од нив 153 гласа „за” a 143 гласаa „против”. Четворица пратеници не беа присутни на седницата во парламентот.
Бидејќи денес во Брисел се одржува состанок на министрите за финансии на Еврозоната, министерот за финансии на Грција Ефклидис Цакалатос не присуствуваше на гласањето, но во негово име е гласано „за” измените.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред гласањето изјави дека на кредиторите минатата година им се дадени ветувања, но дека Грција „нема да ја наведне главата пред ирационалните барања”.
Од петокот, 6-ти мај, илјадници Грци во Атина организираа различни демонстрации по повод очекуваните преговори за реформи.
Неколку часа пред изјаснувањето на грчкиот парламент во врска со реформите на пензискиот и даночниот систем во Атина пред зградата на парламентот дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Еден дел од демонстрантите фрлаа молотови коктели и камења кон припадниците на безбедносните сили на Грција, која одговорија со солзавец и звучни бомби. Приведени се девет лица.
Владата на премиерот Алексис Ципрас вети дека според договорот со кредиторите од август 2015 година за нивната помош на Грција од 86 милијарди евра, ќе го реформира пензискиот и даночниот систем.
Повеќепати беа организирани демонстрации од страна на Федерацијата на вработените во јавниот сектор на Грција (ADEDY) и Конфедерацијата на работнички синдикати на Грција (GSEE).
ГСЕЕ претходното гласање на парламентот во врска со измените на наведените закони се нарече „удар на парламентот”. АДЕДИ ги повика своите членови со протести жестоко да се сппротивстават на напорите за зголемување на данокот на додадена вредност како и данокот на други предмети.