Safiye Karabacak
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Според првичните сознанија, 20 лица загинаа, додека 24 лица се повредени во пожар кој избувна поради сѐ уште непознати причини во фабрика во градот Калјубие кој се наоѓа во северниот дел на Египет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Гувернерството на Калјубие се наведува дека избувнал пожар во четирикатната фабрика за текстил во подрачјето на Ел Убур во Калјубие.
Се истакнува дека на местото на настанот се упатени 10 амбулантни и 15 противпожарни возила.
Во соопштението се нагласува дека според првичните сознанија, во пожарот смртно настрадале 20 лица, додека 24 лица се повредени.
Според ова соопштение, пожарот е земен под контрола и е формиран технички комитет кој ќе ги изврши потребните истражувања, со цел осигурување на безбедноста на зградите близу фабриката.