Talha Yavuz
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
КИЕВ
Најмалку двајца државјани на Украина загинаа откако товарниот брод „Волго Балт 179“ потона во Црното Море, во близина на брегот на Романија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, на Твитер напиша дека се спасени 10 од 13-те украински државјани кои се наоѓале на бродот.
Николенко објави дека две лица загинале, а се трага по едно исчезнато.
Украинските медиуми јавуваат дека бродот кој пловел под знамето на Коморски Острови, испловил од пристаништето во Ростов на Дон и се движел кон пристаништето во Констанца.
Се претпоставува дека бродот потонал поради лошото време.