Barış Seçkin
12 Септември 2017•Ажурирај: 12 Септември 2017
РИМ (АА) - Поројните врнежи од дожд што во неделата го зафатија италијанскиот град Ливорно, предизвикаа катастрофални поплави во кои загинаа 8 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Италијанските медиуми информираа дека во подрачјето на пристанишниот град Ливорно, кој во неделата беше зафатен од бран поројни дождови кои предизвикаа катастрофални поплави, по првичните 6, пронајдени се телата на уште две лица.
Со овие две тела, бројот на загинатите во поплавата се искачи на 8 лица. Во претходните соопштенија беше објавено дека животот го загубиле 6 лица.
По поплавата, во тек се активностите за отстранување на урнатините и за чистење на градот.
Филипо Ногарин, градоначалник на Ливорно, за државниот телевизиски канал „Rai 3“ (РАИ 3) соопшти дека од поплавата се оштетени 15.000 семејства, и додаде дека се претпоставува оти е причинета материјална штета од околу 1 милијарда евра.
Градоначалникот Ногарин истакна дека поради кратењето на буџетот, општините се во тешка ситуација и не се во можност да ги покријат ниту основните потреби.
Од друга страна, високотиражниот италијански весник „La Repubblica“ (Ла република) ја пренесе изјавата на поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци, кој рече дека за спречување на штетите од катастрофални поплави, одвоени се средства во висина од 7,7 милијарди евра, но најголем дел од овие средства воопшто не се користени.