Ali Cura
12 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
КИЕВ (АА) - Обединеите нации (ОН) соопштија дека од почетокот на судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските единици во источниот дел на Украина, животот го загубиле 10.225 лица, а 24.541 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Високиот комесаријат за човекови права на ОН го објави последниот извештај во врска со човековите права во Украина.
Во овој извештај се наведува дека од почетокот на судирите во Донбас, во 2014 година, досега загинале или се убиени вкупно 34.766 лица, меѓу кои има цивили, украински војници и проруски сепаратисти.
Според овој извештај, 2.505 лица меѓу 10.225 загинати се цивили. Исто така, се истакнува дека во периодот од 16 мај до 15 август, во судирите загинале 26 цивили, а ранети се 135.
Меѓу другото, во извештајот се вели дека во бројот на загинатите не се вклучени 298-те лица кои го загубија животот на 17 јули 2014 година, при уривањето на авионот MH17 на „Malaysia Airlines“ (Малезија ерлајнс).