Muhammet Nazım Taşcı
28 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Бројката на смртни случаи од последиците на монсунските дождови во Пакистан што започнаа на 14 јули, се зголеми на 1.033, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националната агенција за управување со катастрофи (NDMA), само во последните 24 часа во земјата животот го загубиле 119 лица, а 71 се повредени.
Бројката на лица кои ги загубија животите во поплавите предизвикани од поројните дождови што траат од 14 јули, порасна на 1.033, додека бројката на повредени изнесува 1.527.

Во поројните врнежи уништени се 149 мостови, а оштетени се 3.451 километар авропатишта. Од 949.858 оштетени домови, 287.412 се потполно уништени.
Вкупно 287.412 лица се засолнети на безбедно во шатори, а бројката на спасени лица се зголеми на 51.275.
Поплавите урнаа стотици куќи, ресторани, мостови, па дури и повеќекатни хотели што се наоѓале на брегот на живописната долина на реката Сват, која е една од омилените туристички атракции.

Поради катастрофалните поплави по должината на реката Инг, наредена е евакуација на неколку низински подрачја во областите Дера Гази Хан и Раџанпур во североисточната покраина Панџаб.
Југозападниот граничен премин Чаман меѓу Пакистан и Авганистан е затворен поради силните дождови и поплави.