Rabia İclal Turan
28 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Уште шест бродови ги напуштија украинските пристаништа според договорот за извоз на жито, соопшти денеска Министерството за одбрана на Туркије, известува Агенција Анадолија (АА).
Пратките од украинските пристаништа продолжуваат, се вели во соопштението на турското Министерство и се додава:
„Уште шест брода натоварени со жито испловија утрово од украинските пристаништа.“
Со посредство на Туркије, Обединетите нации и Русија, на 22 јули во Истанбул е потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.
Центарот во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на три држави и ОН.