Sinan Doğan
07 Јуни 2023•Ажурирај: 07 Јуни 2023
БОГОТА (АА) - Бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од поројните дождови на Хаити изнесува 51, известува Анадолу.
Дирекцијата за Цивилна одбрана на Хаити извести дека е зголемен бројот на загинати во катастрофалните поплави и свлечишта.
Додека бројот на загинати во поплавите и свлечиштата се зголеми на 51, бројот на исчезнати изнесува 18, а повредени се 140 лица.
Низ Хаити целосно се уништени 820 куќи, поплавени се 31.591 дом за живеење, а евакуирани се 40.000 семејства.
Во соопштението на Дирекцијата за Цивилна одбрана се наведува дека западниот дел на земјата е сериозно погоден од поплави, а на луѓето од регионот им е потребно засолниште, храна, средства за хигиена и чиста вода.
Премиерот Ариел Анри изјави дека се преземени итни чекори за обезбедување национална и меѓународна помош.
Ураганот Метју во 2016 година беше причина за смртта на повеќе од 800 лица на Хаити.