Ömer Yetkin Acar
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
САО ПАОЛО (АА) - Во последните месеци зголемена е бројката на смртност на мајмуни во Бразил, што е причина за затворање на 16 парка во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Секретарот за здавство во бразилската држава Сао Паоло, Давид Уип, објави дека во источниот дел на Сао Паоло е затворен уште еден парк бидејќи во него починал мајмун за кој е утврдено дека бил заразен од вирусот на жолта треска.
Во последните месеци во Сао Паоло се затворени 16 парка на неопределено. Вкупна површина од овие паркови изнесува 10.500 хектари.
Секретарот Уип соопшти дека затворените паркови во текот на неделата ги посетуваат 4.000 лица, додека за викенд, посетеноста се искачува до 40.000 лица. Уип рече дека се планира да бидат вакцинирани 8.000 лица кои живеат во соседните подрачја на парковите.
Истакнувајќи дека кај луѓето не се забележани случаи на жолта треска, Уип рече:
„Кај 19 лица постоеше сомневање за жолта треска, но сите испитувања се негативни. Во годината што престои, на среден и долг период, планираме да извршиме вакцинирање. Првенствено ќе бидат вакцинирание лицата кои се наоѓаат во еколошките подрачја на градот. Во деновите кои престојат планираме да обезбедиме 2,8 милиони вакцини”.
Секретарот за здавство на Сао Паоло истакна дека по отворањето на парковите, влез во нив ќе им биде дозволен само на посетителите со примена вакцина или оние кои имаат заштита од комарци.
Министерството за здравство на Бразил во септември објави дека е завршена епидемијата на жолта треска.
Епидемијата на жолта треска во Бразил започна во декември минатата година и се прошири во голем број бразилски држави. Од болеста беа зафатени 777 лица, а 261 лица ги загубија своите животи.