Ahmet Gürhan Kartal
14 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
ЛОНДОН (АА) - Еден од 18-те поранешни војници на британската падобранска единица во Северна Ирска е обвинет за убиство и обид за убиство за време на крвавите случувања од 1972 година во Лондондери, јавува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот познат како „Крвава недела“ се случи пред 47 години на 30 јануари 1972 година кога британскиот елитен падобрански полк отвори оган врз демонстрантите кои протестираа за граѓански права низ улиците на Лондондери.
Обвинителите изјавија дека не постојат доволни докази за да се подигне обвинение против останатите 17 поранешни војници.
Градот Лондондери, познат како Дери од страна на неговите католички жители - беше место на злогласниот масакр кој се случи кога војниците пукаа во 27 невооружени луѓе за време на протест за граѓански права. На денот загинаа 13 лица, а уште едно лице, како 14-та жртва, неколку месеци подоцна.
Бесот поради „Крвавата недела“ се прошири низ целиот свет, а настанот што беше снимен од страна на телевизиските екипи, генерираше бран нови регрути за обновената Ирска републиканска армија (ИРА).
Британските власти првично тврдеа дека војниците реагирале на огнено оружје од околните згради - наод што бил поддржан од раната истрага наречена „Виџерски извештај“.
Меѓутоа, по неколкугодишен притисок од семејствата на жртвите, 12-годишната истрага за „Крвавата недела“, исто така позната како „Истрагата на Севил“, подоцна откри дека жртвите не претставувале закана за војниците.
Во јуни 2010 година, тогашниот премиер Дејвид Камерон издаде официјално извинување за убиствата во име на неговата влада, потврдувајќи дека убиените се невини жртви.