Jeyhun Aliyev
14 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
АНКАРА (АА) - 54. состанок на Советот на асоцијација на Турција и ЕУ ќе биде одржан утре во Брисел, соопштува турското Министерство за надвореши работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот на највисокото тело за донесување одлуки помеѓу Турција и ЕУ ќе се одржи по интервал од речиси четири години и е важен за продолжување и диверсификација на институционалниот дијалог со ЕУ.
На состанокот ќе присуствуваат турскиот минисер за надвoрешни работи, Мевлут Чавушоглу, заменик-министерот за надворешни работи, Фарук Кајмакџи, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини и европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.
„Се очекува турската и европската страна да се состанат во неофицијален формат пред официјалната седница за решавање на прашањата на надворешната политика и регионалните случувања“, се вели во соопштението.
Во соопштението се нагласува дека на состанокот ќе се зборува за пристапот на Турција во ЕУ, политичките и економските критериуми, усогласувањето со законодавството на ЕУ, визната либерализација, Царинската унија и финансиската соработка.
53. состанок на Советот за асоцијација на Турција и ЕУ беше одржан на 28 мај 2015 година во Брисел.
Советот на асоцијација на Турција и ЕУ беше формиран во согласност со Договорот од Анкара, кој стапи во сила на 1 декември 1964 година.
Турција поднесе барање за членство во ЕУ во 1987 година, а преговорите за членство започнаа во 2005 година.
Сепак, преговорите се прекинаа во 2007 година поради противењето на администрацијата на кипарските Грци за поделениот остров Кипар, како и на опозицијата од Германија и Франција.